Полјаците протестираат против реформите во правосудството

17.07.2017 | 11:49
Прочитано: 1923

Илјадници жители на Полска излегоа на протести пред парламентот во Варшава за да го спречат најавеното усвојување на законот за Врховниот суд, а според кој овој состав на судот ќе биде распуштен, а новите судии ќе бидат наименувани од власта.

Протестот е во организација на граѓанската иницијатива Комитет за одбрана на демократијата која заедно со опозицијата од есента 2015 година протестира против владејчката партија.

Право и правда поради задушување на судството, потчинување на јавните медиуми и чистки во државната управа. Според полската владејачка партија реформите во судството се со цел судовите да ја вратат довербата кај граѓаните, а Врховниот суд да си го врати авторитетот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.