Португалија: 1.800 пожарникари се борат со шумските пожари

12.08.2017 | 12:03
Прочитано: 1947

Португалија се бори со нов бран шумски пожари додека во текот на викендов и натаму се прогнозираат високи температури.

Околу 1.800 пожарникари со помош на стотина возила се обидуваат да изгаснат десетина пожари ширум земјата, соопштија португалските власти.

Новите пожари избија откако претходно летово повеќе од 60 лица загинаа, а над 200 беа повредени во големиот пожар во централна Португалија, кој беснееше пет дена.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.