Португалија победи на Евровизија 2017

14.05.2017 | 01:37
Прочитано: 16117
Со освоени поени 758 поени, Салвадор Собрал претставникот на Португалија е победник на годинешното 62 издание на Евровизија. Ова е прва победа за Португалија на Евровизија.
 
Вкупно 26 земји кандидатки се натпреваруваа за победник на Евровизија 2017, која се одржа во Киев, Украина. Македонија не успеа да се пласира вофиналето и покрај одличниот настап. Од земјите на бивша Југославија, само  Хрватот Жак Худек, си обезбеди место во финалето.
 
По првото полуфинале во кое зелено светло добија Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија, кон списокот се приклучија и затсиноќешните претставници на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
 
Во големото вечерашно финале кое го отвори претставникот на Израел, на сцената настапија претставниците на Полска, Белорусија, Австрија, Ерменија, Холандија, Молдавија, Унгарија, Италија, Данска, Португалија, Азербејџан, Хрватска, Австралија, Грција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Кипар, Романија, Германија, Украина, Белгија, Шведска, Бугарија и Франција.
 
Во финалето гласаа сите 42 земји учеснички кои настапија и на првата и втората полуфинална вечер. Се гласаше по пат на смс пораки и телевоутинг и годинава секој можеше да гласа по дваесет пати. Самото гласање се одвиваше со соопштување на 12-те поени, а не можеше, секако да се гласа за сопствениот претставник. Како по традиција, и годинава добрососедското гласање повторно беше во прв план. Македонија 12те поени ги даде на Бугарија. Шпанија годинава не доби ниту еден поен во регуларното гласање, освен 5 поени добиени од гласањето на публиката.
 
Публиката преку телевоутинг најмногу поени даде на Португалија која до самиот крај беше неизвесно дали Бугарија ќе успее да ја надмине со поените.
 
Евровизија не помина и без скандал кога гледач од публиката се качи на сцената и ги соблече панталоните. Инцидентот се случи додека минатогодишната победничка Џамала во паузата пееше во мало шоу додека траеше гласањето. Гледачот покриен со австралиско знаме се качи на сцената до пејачката. Во еден момент се чинеше дека тоа е дел од кореографијата оти тој заигра околу неа, по што тој ги слече панталоните и го покажа голиот задник на камерата. Тој веднаш беше совладан од обезбедувањето и симнат од сцената. 
 
 
 
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.