Потерници за петмина бегалци за настаните во Собранието

14.12.2017 | 19:27
Прочитано: 4569

Петмина осомничени за настаните од 27 април се недостапни за органите на прогонот. После 15 дневната потрага полицијата испратила известување до судот дека осомничените не се најдени на дадените адреси.

Сега на потег е судот кој треба да пушти барање до МВР за да се распишат потерници по бараните лица. Од судот засега не соопштуваат дали вакво барање е пратено до МВР.

Инаку во притвор се 27 лица меѓу кои и тројца пратеници, сите се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и е безбедноста.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.