Потпишан договорот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје

19.05.2017 | 13:51
Прочитано: 6087

Додека течат преговорите за нов владин состав, техничката влада продолжува да турка проекти. Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, денеска потпиша договор за изградба на новиот клинички центар во вредност од 72 милиони евра.

Клиничкиот центар ќе го градат „Гранит“ и „Бетон“ и италијанската компанија Инсо системи. Во првиот ред на потпишувањето на договорот беше премиерот во заминување, Емил Димитриев, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

По завршување на церемонијата, Тодоров избегна новинарите кои го прашаа во кое својство го потпишал договорот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.