Потрошен 80 отсто од буџетот на министерство за култура

28.07.2017 | 18:17
Прочитано: 2321
Министертвото за култура бара вонредна ревизија која ќе утврди како и на што се трошеле парите до први јуни годинава. Министерот Алаѓозовски вели дека досега се потрошени над 80 отсто од парите од Буџетот на министерството и тоа за предвремена исплата на средства за проекти кои не се реализирани, поради што Министерството е во тешка финансиска состојба.
 
„Оваа информација ја доставивме и до владата, со образложение дека за некои проекти склучувани се анекс договори со кои сретствата кои однапред биле предвидени за проекти се поголеми од првично одобрението. Структурата на долгот е приближно на она што го спомена министерот за финансии, тоа околу 22 милијарди денари иова не е целосниот долг“ - вели Алаѓозовски. 
 
Ревизија на финансиското работење на Министерството за култура не е правена од 2011 година. Истовремено, министерот Алаѓозовски најави дека нема повеќе да се финансираат проекти на естрадата, бидејќи смета дека како форма на изразување не ги застапуваат интересите на Министерството за култура. 
 
Министерот најави и одржување на манифестацијата „Нов културен бран“ која што е редизајнирана. За оваа манифестација се предвирени 160 илјади евра, а ќе се одржи од крајот на август до крајот на октомври годинава. 
 
Министерот ги повика компаниите и фондациите како и други стопански субјекти да донираат пари, бидејќи финансиите со кои што располага министерството не се доволни за одржување на манифестацијата. 

Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.