ОН: Повик за глобално примирје за време на олимписките игри 2018

14.11.2017 | 09:45
Прочитано: 345

Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата со која се бара од сите држави да ги запрат конфликтите и да учествуваат во примирје за време на зимските олимписки игри во Јужна Кореја, следната година.

Резолуцијата беше поздравена со голем аплауз, а ги повикува сите земји-членки да учествуваат во примирјето кое би требало да трае седум дена пред почетокот на олимписките игри на 9 февруари, до седмиот ден по нивното завршување, на 18 март.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.