Пожар во подрумски простории во Кавадарци, нема повредени

12.01.2017 | 11:26
Прочитано: 931

Пожар во подрумски простории од куќа во Кавадарци избувнал утринава околу пет часот. Повредени нема, а огнот бил локализиран околу десет часот.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека интервенирале со две противпожарни возила и осум пожарникари. Помош имале и од противпожарната единица Неготино, како и од компаниите „Кожувчанка“ и „Фени“, по едно возило со по двајца пожарникари. 

„Изгореа предметите во подрумот - дрва за огрев, дрвени гајби. Не дозволивме пламените јазици да се прошират на катот, така се помина само со исчадување во еден дел од него“, рече Богевски. 

Најверојатно, како што рече, пожарот избувнал поради запален оџак и искри излегле преку димниот канал, чиј почеток е во подрумот на куќата, којашто се наоѓа во централното градско подрачје кај џамијата. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.