Пожари во Хрватска и Црна Гора

16.07.2017 | 21:06
Прочитано: 3221

Шумски пожари беснеат на јадранското крајбрежје во Хрватска и Црна Гора. Пожари има во близина на северните хрватски градови Пула и Шибеник, како и на островите Паг и Вир, североисточно од Сплит.

Два противпожарни авиони ги гаснат огнените јазици, кои се приближуваат до куќите во Бродарица, близу Шибеник. Во јужна Хрватска во близина на црногорскиот град Херцег Нови беше издадена наредба за евакуирање на локалното население.

Пожари се регистрирани и во регионот на црногорскиот главен град Подгорица.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.