Пожари во туристичкото место Тиват

17.07.2017 | 17:55
Прочитано: 2704
Шумски пожари беснеат на јадранското крајбрежје. Во црногорската приморска општина Тиват нареди итна евакуација на населението поради големиот пожар што избувна кој избувна во околу 3 часот по полноќ.
 Со помош на крајбреќната стража и неколку локални бродови досега се евакуирани околу 100 лица но сепак околу 20 мештани одбиваат да ги напуштат нивните домови.
 
Според полицијата, пожарот има две жаришта и пожарникарите засега не успеале да ги локализираат. Во регионот на Подгорица исто така избија неколку пожари, чии број до синоќа достигна 33.
 
„Поради силниот ветар пожарот за кратко време се прошири и сега постои можност да ги загрози и објектите во подножјето на Голо Брдо. Успеавме да ги заштитиме сите куќи меѓутоа пожарот сега ја зафати боровата шума и сега е загрозена целата планина.“ - велат пожарникарите.
 
Пожари има во близина на северните хрватски градови Пула и Шибеник, како и на островите Паг и Вир, североисточно од Сплит. Во гаснењетио на пожарите, покрај редовната противбожарна служба учествуваат и голем број на доброволци.
 
„Пламенот не проголта за една секунда. Тука беше и противпожарната служба која изгаси се. Не поминаа ни три минути и огнот повторно се разгоре. Загинаа голем број на животни.“ - велат мештаните. 
 
Два противпожарни авиони ги гаснат огнените јазици, кои се приближуваат до куќите во близина на Шибеник а Во јужниот дел на  Хрватска наредена е итна евакуација на населението. Од хрватското министерство за одбрана соопштија дека го гасењето на пожарите се вклучени и вооружените сили на земјата.
 

Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.