Позитивни реакции по ратификацијата на договорот за добрососедство со Бугарија

16.01.2018 | 09:51
Прочитано: 734

Македонското собрание со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го ратификува договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во своето обраќање пред пратениците, рече дека договорот е значаен поради тоа што двете страни се охрабриле „да излезат од рововите, особено во нашиот регион, кој е оптоварен со историја, и дека е важно што дава извесна самодоверба во нашето општество“.

За СДСМ, договорот за добрососедство и пријателство, затвора долгогодишно отворено прашање и е во интерес на двете држави и на нивните граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија со овој договор е оштетена бидејќи тој има сериозни пропусти и не го дефинира македонскиот народ,  а исто така го негира и постоењето на македонскиот јазик.

Ратификувањето на договорот за добрососедство со Бугарија го поздрави еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и бугарскиот државен врв.

Пред седницата на која се гласаше ратификацијата, свое обраќање имаше и амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков Великов кoj порача дека договорот за добрососедство е добра основа за понатамошната соработка меѓу двете земји.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.