Познати сите учесници на Светското првенство за одбојка

13.11.2017 | 23:01
Прочитано: 676

Познати се сите 24 земји кои ќе настапат на Светското одбојкарско првенство во машка конкуренција, што следната година (10-30 септември) ќе се oдржи во Италија и Бугарија наредната година (10-30 септември).

Покрај бранителот на трофејот од пред четири години, селекцијата на Полска, како главни фаворити за најсјајното одличие, златото, се издвојуваат и селекциите на Бразил и САД кои се двете пропагирани на светската листа како и ко-домаќинот Италија, односно селекцијата на Русија која практично за заокружува водечката петорка на последната ранг-листа.

На следниот Мундијал ќе ја нема Германија која ја освои бронзата на претходното првенство во Полска, но затоа по пауза од 16 години повторно на завршницата ќе ја гледаме Холандија земја која своевремено беше и една од најдобрите во машката одбојка. Единствен дебитант ќе биде репрезентацијата на Словенија.

Машкиот одбојкарски Мундијал ќе се одржи во шест градови во Италија и три во Бугарија, а завршницата ќе биде во Торино.

Учесниците ќе бидат поделени во четири групи по шест репрезентации, а најдобрите четири ќе се пласираат во следната фаза.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.