Православна нова година или Стара нова година

13.01.2018 | 17:15
Прочитано: 1853

Денес се слави Стара Нова година, а утре е Св. Василиј Велики. Според Јулијанскиот календар, на полноќ се слави Православна Нова година, кај народот попозната како Стара Нова година. Оваа традиција ја задржаа Македонија, Србија, Црна Гора, Белорусија, Украина и  Ерусалим.

„На утрешниот ден се поместени три празници, споменот на Свети Василиј Велики, обрезанието на Исус,  и православната Новата година. Свети Василиј е голем светител во православието, затоа и се нарекува уште и украсител на човечките обичаји.“ - вели Отец Сашо- Соборен храм „ Свети Климент Охридски“- Скопје.

По одбележување на Старата Нова година, утре верениците го празнуваат Св. Василиј  - Василица. Некои семејства, слично како и за време на бадниковата вечера, кршат погача со паричка. Традицијата  за Василица  во  Македонија се негува со векови. Пример за тоа е Вевчанскиот карневал.

Кај семејства кои традиционало кршат погача на Василица, преовладува истото верување дека на оној што ќе му се падне паричката ќе го следи среќа цела година. Но, вечерва е и обичај да се играат карти со скромни облози за среќа и да се јадат колбаси.


Елена Милошовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.