Претседателски избори во Иран

19.05.2017 | 10:13
Прочитано: 1387

Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори, на кои гласачите треба да се определат меѓу четворица кандидати, кои се поделени на умерени и ултраконзервативни.  Фаворит на изборите е актуелниот претседател, Хасан Рохани, кој настојува да освои втор мандат.  

Тој важи за умерен верски лидер, чија умереност и умешност за спогодување дојде до израз во 2015 година, кога Иран под неговото водство успеа да го разрши опасниот спор со меѓународната заедница, околу контроверзната иранска нуклеарна програма.

Главен противник на Рохани е конзервативецот Ебрахим Раиси,  поранешен обвинител. Покрај нив, гласачите денеска може да се определат и за реформистот Мустафа Хашемитиба и за ултраконзервативниот Мустафа Мирсалим. Над 54 милиони Иранци имаат право на глас.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.