Претставничкиот дом го отфрли барањето за импичмент на Трамп

07.12.2017 | 09:07
Прочитано: 724

Претставничкиот дом на американскиот конгрес со огромно мнозинство ја отфрли Предлог-резолуцијата за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп.

„Против“ Предлог-резолуцијата гласаа 364 конгресмени, додека 58 ја поддржаа.

Во Предлог-резолуцијата се наведува, дека Трамп „не е способен да ја извршува претседателската функција“, бидејќи предизвикал „несогласувања во земјата и се однесувал на несоодветен начин“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.