Прифатени обвиненијата за „Тарифа“ и „Траекторија“, Пешевски и Јанакиески ќе ги чекаат судските рочишта

13.11.2017 | 18:03
Прочитано: 4235

Поранешниот вицепремиер Пешевски и екс министер за транспорт и врски Јанакиески треба наскоро да седнат на обвинителна клупа за предметот на СЈО за кинеските автопати. Кривичниот суд го одобрил обвинението „Траекторија“ во кое опфатени се и поранешниот прв човек на Агенцијата за државни патишта Георгиевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски кој се товари за примање награда за противзаконито влијание.

„Во временскиот период од месец октомври 2012 година па се до месец октомври 2013 година во Скопје со умисла поттикнати од обвинетиот Никола Груевски, обвинетите Владимир Пешевски како службено лице заменик на претседателот на Владата, Миле Јанакиески како службено лице министер и Љупчо Георгиевски како службено лице директор договорено и заеднички како соизвршители во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле своите службени овластувања и за компанијата „Синохидро“ прибавиле имотна корист во износ од најмалку 155 милиони евра за кој износ му нанеле штета на Буџетот“, се наведува во обвинението на СЈО.

Обвинението позитивно го оцени судијката Татјана Мнихајлова која го суди и предметот „Шамари во Центар“ за кој ги отфрли бомбите, но ги прифатила прислушуваните разговори во овој случај. Според информациите на Телевизија 24 одбраната на Пешевски барала прислушуваните разговори да не бидат доказ бидејќи вицепремиерот не разговарал со Груевски, туку за него разговарале други функционери, но Михајлова не го прифатила барањето и дозволила бомбите да бидат слушнати во судница. За договорите за автопатите јавно беа објавени 18 разговори.

Покрај „Траекторија“, во судница ќе влезе и обвинението за предметот „Тарифа“. Во истрагата за овој предмет беа опфатени седум службеници од ЕЛЕМ, но со обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување завршија тројца. Обвинетите овозможиле фирма која не ги исполнувала условите да добие тендер за инсталирање на софтвер за потребите на ЕЛЕМ со што го оштетиле буџетот за 456 илјади евра. Бомбите ќе бидат доказ и во овој предмет, одлучила судијката Лидија Петровска која го оценуваше обвинението. СЈО поднесе 18 обвиненија. До сега Кривичен одобри шест.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.