Продолжува расправата за разрешување на Зврлевски

12.08.2017 | 14:24
Прочитано: 3281

Собранието денеска напладне треба да одржи продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Вчера пратениците расправаа цел ден, до вечерта, а спикерот Талат Џафери во обид да воведе ред постави четири лица од собраниското обезбедување на говорница, откако опозицијата повторно ја окупираше.

Во текот на целиот ден, пратениците од опозицијата си реплицираа меѓу себе, но и продолжија да ја оспоруваат расправата за Зврлевски, тврдејќи дека разрешувања по распишување на избори се спротивни на изборниот законик.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.