Промовиран видео спотот за Божикната песна „Вечниот Бог“

29.12.2017 | 13:05
Прочитано: 2036
Видео спотот за Божикната песна „Вечниот Бог“ во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, а во продукција на „Веста“, е веќе готов и пуштен во етер како најубава Божиќна честитка за граѓаните на Република Македонија.
 
„Доживејте вистинска Божикна радост, која ќе Ве натера да извикате ХРИСТОС СЕ РОДИ!“ - велат учесниците во спотот.
 
А Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“ за која и се наменети песната и спотот, ќе се одржи на 06.01.2018 низ улиците на сите градови во Македонија. Ајде сите да ја научиме Божиќната песна и да им се придружиме на Бадниковите поворки во родниот град или на централната манифестација во Скопје, на кои учество ќе земат околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто - стои во соопштението на Здружението за возобновуање на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, кое е всушност и организатор на сите овие активности поврзани со претстојното прославување на Бадник и Божиќ.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.