Пронајден еден од најважните ракописи во историјата

14.07.2017 | 11:26
Прочитано: 9891

Научници од Египет пронајдоа ракопис за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.

Ракописот испишан на иструган пергамент, кој е откриен во текот на реставрација на библиотеката во манастир „Св. Катерина“ во Јужен Синај, создржи рецепт за лек што му се припишува на Хипокрит.

Рецептот е пронајден при скенирање на друг ракопис испишан преку оригиналниот текст.

„Станува збор за пергамент на кој последниот ракопис е стар најмалку 1500 години и тој ќе биде меѓу најстарите и најважните ракописи во светот“, изјави професорот Мајкл Филипс.

Тој додава дека засега се уште не се знаеза каков рецепт станува збор, но нагласува дека покрај текст на пергаментот има и цртежи на билки.

Монасите пишувале преку него, најверојатно затоа што пергаментот во почетокот на новата ера бил многу скап. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.