Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина

10.01.2017 | 10:25
Прочитано: 21898
Грчката полиција извести дека амбасадорот на Русија во Атина е пронајден мртов во својата резиденција, но дека нема очигледни докази за борба пред смрта или за насилна смрт.
 
Вработен од конзулатот го нашол телото на 54-годишниот Андреј Маланин. Полицијата соопшти дека се уште се извршува увид и дека ќе има обдукција на телото. Покрај што немало знаци на насилство, полицијата информира дека немало знаци ниту обивање во резиденцијата.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.