Проштален говор на американскиот претседател во заминување

11.01.2017 | 17:41
Прочитано: 1259
Со солзи во очите пред огормениот број сиппатизери и поддржувачи американскиот претседател во заминување Барак Обама , во својот роден град Чикаго, каде пред осум години го прослави влегувањето во Белата Куќа,  го оддржа својот последен и проштален говор. 
 
САД е подобра и послина држава отколку пред осум години посочи Обама, додавјќи дека направен е напредок во демократијата и економијата, но сѐ уште треба да се подобрува. 
  
„Вие сте промената. Според скоро секоја мерка, Америка е подобро и посилно место од тогаш кога започнавме. Остануваме најбогата, најмоќна и најпочитувана земја.“ - изјави тој.
 
Во својот емотивен говор, тој рече дека неговото време како претседател била најголема чест во неговиот живот.  Обама како негови најголеми постигнувања ги посочи неговиот нуклеарен договор со Иран, отворањето кон Куба и заживувањето на американската економија. 
 
„САД имаат голем потенцијал, но тој може да биде реализиран само ако демократијата ни е во функција. Само ако сите ние независно од која партија сме, го носиме чувството за заедничка цел од која имаме потреба точно во овој момент“. - рече Обама.
44 амрикански претседател својот говор го завриши со тогашниот слоган „Да , ние можеме“ менувајќи го во „Да, ние направивме.“   Новоизбраниот претседател Трамп официјално ја презема функцијата на 20 јануари. 

Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.