Протести на средношколци во Oхрид

20.03.2017 | 18:51
Прочитано: 1151
Наместо на настава охридските средношколци утринава излегоа на улица за да ја одбранат  државата од т.н. тиранска платформа. Добро организирани и опремени со реквизите скандираа против двојазичност и федерализација.
 
Ги прашавме кој им дозволил отсуство за време на часови,а тие едногласно рекоа дека сами се собрале, но со целосна поддршка на директорите.
 
Директорите денеска не сакаа да излезат јавно и да кажат кoj ги организира учениците но кратко во телефонски разговор за ТВ 24 без никаква осуда за отсуството од часови одговорија дека се оградуваат од настаните и дека децата матуранти можат сами да одлучат дали ќе бидат на настава или на протест.
 
Средношколците денеска протестот го започнаа од гимназијата, скандираа и пред општината а најавија нови протести и за во среда.
 
Од ОО СДСМ повторно ги осудија  манипулациите врз ученици од страна на директори кои според нив се главните организатори и послушници на наредбите на партијата народот да покажува незадоволство на улица.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.