Пунктот за бездомници „Момин поток“ ќе работи деноноќно следните три месеци

06.12.2017 | 17:40
Прочитано: 940

На прагот на зимата пунктот за бездомници ги отвори вратите за најранливите категории. Секој ден во следните  три месеци  пунктот ќе биде отворен а ќе се обезбеди и храна, облека и преноќиште.

„Од денеска започнува со 24 часа на работење пунктот за бездомни лица, согласно температурите информациите кои ги добиваме од Хидрометеоролошкиот завод, ќе се организираме се со цел  да излеземе во пресрет на бездомниците лица во Скопје“ - вели Сузана Тунева - Пауновска - секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

Градот за наредната година за триесет проценти ќе ја зголеми поддршката за функционирање на пунктот во Момин поток.

„Скопје е солидарен град и наша цел е да им помогнеме на овие луѓе, особено во зимскиот период кога ниските температури значително ги отежнуваат уусловите за живот.“  изјави Петре Шилегов – градоначалник на град Скопје.

Допонително ќе бидат отворени три  пунктови за згрижување на бездомници   во Струмица, Струга и Битола.

„Заради тоа што бездомништвото не е проблем на домување, туку предизвикува здравствени и социјални проблеми, затоа сите институции одговорни за овие прашањатреба да се подготвени  и да излезат во пресрет на оваа група на наши сограѓани.“ - вели Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Во текот на минатата година пунктот во Момин поток го користеле 54 лица.  Поради зголемениот капацитет сега ќе можат да се згружуваат од  90 до 120 лица.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.