Пуштена во работа ХЕЦ Света Петка

01.08.2012 | 17:29
Прочитано: 1590
Најпрвин кратко објаснување и вовед во процесот на производство на струја кој се добива од вода. А потоа и на дело. Со татнежот кој го испуштија турбините од Света Петка, новиот хидроенергетски објект во вредност од 75 милиони евра го произведе и првиот киловат час. Земјава од годинава може да калкулира 66 GW/h помалку енергетска зависност.
 
“Годидишно производство од 66  GW/h, што значи ќе има струја за околу 40 000 граѓани“ изјави Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.
 
Со пуштањето на употреба на СВ Петка, заедно со досегашните ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка хидропотенцијалот на Треска е искористен, а со тоа и релизиран хидросистемот Скопско поле.
 
„Браната е изградена, Езерото почнува да се полни и системот е подготвен да се стави во функција на енергетските потреби на нашата држава. Алката која недостасуваше за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска денеска веќе е поставена“ изјави Никола Грувески, премиер.
 
Бетонската двојно закривена тенка лачна брана е единствен по овој тип во Македонија. Сложеноста на изградбата, специфичниот терен ја одложи реализацијата на објектот и тоа за неколку години.
 
Но изградбата на проектот не помина без контроверзности. Поради доцнењето со реализацијата на проектот Словенечката компанија Рико и плаќаше пенали на ЕЛЕМ, додека Електрани на Македонија плаќаа дополнителни фактури поради зголемените цени на градежните матријали. Сепак со разликата во пребивањето на долговите, ЕЛЕМ на изведувачот РИКО му  плати 9,7 милиони евра.

Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.