Работната група за АКМИСОТ в петок во Врховен суд

14.11.2017 | 14:41
Прочитано: 634

Работната група која врши проверка на начинот на кој се распределуваат предмети во судовите, односно на системот АКМИС, во петок ќе го посети и Врховниот суд.

Како што потврдуваат извори за телевизија 24 со увидот во системот на Врховниот суд треба да заврши проверката во најголемите судови.

Минатата недела работната група ги собрала потребните податоци за начинот на кој функционира распределбата на предмети во Апелациониот суд во текот на 2016 и 2017 година.

Од увидот во Кривичниот суд произлегоа неофицијални информации дека постоел паралелен АКМИС систем. Вкупниот извештај од увидот трите суда се очекува да биде презентиран идната недела.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.