Рајан Гослинг го посвети „Златниот глобус“ на починатиот брат на партнерката Мендес

09.01.2017 | 13:31
Прочитано: 2067

Романтичниот мјузикл „Ла ла Ленд“ триумфираше на 74. доделување на Златен глобус што се одржа ноќеска во Лос Анџелес каде ги доби наградите во сите седум категории во кои беше номиниран, вклучувајќи ја наградата и за најдобара комедија/мјузикл. Наградата за најдобра драма е доделена на филмот "Moonlight".

Освен за најдобар филм во жанрот комедија/мјизикл, „Ла ла Ленд“ ги освои наградите во категориите за главен актер, Рајан Гослинг и главна актерка, Ема Стоун во комедија/мјузикл, режија и сценарио доби Демијан Шазел, оригинална музика, Џастин Харвиц и оригинална песна City of Stars. 

Актерот Гослинг наградата ја посвети на починатиот брат на своја партнерка, актерката Ева Мендес, Хуан Карлос Мендес. „Додека пеев, играв и свирев на клавир, што е едно од најубавите искуства што сум ги имал во животот, Ева се грижеше за нашата ќерка, носејќи го нашето друго дете и помагајќи му на својот брат да го победи ракот“, рече Гослинг во емотивниот говор откако му беше врачено признанието за најдобар актер. 

Иако наградата „Златен глобус“ се смета за втора најугледна во Холивуд и седумте награди за „Ла ла Ленд“ секако ќе придонесе за уште помоќен залет на овој мјузикл за пред почетокот на гласањето за Оскар, одлуките на 90-те странски новинари акредитирани во Холивуд, кои ги доделуваат наградите, не може да ги предвидат потенцијалните добитници на Оскар бидејќи никој од нив не е член на Академијата за филмската уметност и наука која брои околу 6.000 гласачи. Номинациите на Здружението на американски продуценти на 10 јануари и награди на Здружението на американските актери на 29 јануари ќе бидат далеку посигурни показатели.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.