Ракометарите денеска заминуваат во Алжир на СП, утре го играат првиот меч против Русија

17.07.2017 | 15:40
Прочитано: 2172

Mладинската ракометна репрезентација на Mакедонија денеска заминува за Aлжир каде што ќе настапи на Cветското првенство.

Селекцијата предводена од Илија Темелковски е максимално подготвена за предизвикот и најавува борба за што повисока позиција на мундијалот.

Утре, ракометните надежи ќе го имаат првиот натпревар од групната фаза, против селекцијата на Русија, в среда имаат слободен ден, в четврток играат против Буркина Фасо, в петок против тунис.

Следува ден за одмор, а в недела ќе играат против фаворитот Шпанија. Во последното коло од групната фаза, в понеделник завршуваат со Бразил. Во осминафиналето ќе се пласираат првите четири реперзентации од секоја група .

 

Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.