Рама и Баша пред договор

17.05.2017 | 09:29
Прочитано: 4153

Лидерот на албанските владејачки социјалисти, Еди Рама со шефот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, начелно се согласиле околу, до сега различните ставови, во врска со претстојните парламентарни избори.

„Страните начелно се согласиле со пакетот мерки. Останува уште една точка по која не постигнале договор, а тоа е датумот на парламентарните избори, кои се превидени за 18 јуни, кој треба да се помести за одреден период“, пишува порталот Албеу.  

Нивната средба следуваше по престојот на амерканскиот заменик помошник државен секетар Хојт Брајан Ји во Тирана. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.