Реконструкција ќе нема, СДСМ го чешла предлогот на Села

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 5250

Собранието во наредниот период ќе гласа за министер за здравство и за испразнетите места на Рамиз Мерко и Висар Ганиу, но не и за реконструкcија на Влада. Висок владин функционер за тв 24 вели дека иако беше на маса сепак нема да има нова прераспределба засега на валдиниот колач.

Сепак барем до крајот на следбата недела не треба да се очекува предлогот на премиерот да стигне во законодавниот дом. Дотогаш треба Заев да даде зелено светло за предлогот на АЗА, Вулмет Ферати да биде нов министер за здравство, но и Ахмети на маса да ги стави предлозите за заменици на Рамиз Мерко и Висар Ганиу, како министер без ресор и заменик во образование.

Според партиски извори се очекува за финализирање на предлозите – нови средби на премиерот со коалициските партнери. Дотогаш според истите извори треба да заврши и чешлањето на најсериознуиот кандидат за прв човек во здравството, Вулнет Ферати.

Засега нема одговор од партијата на Заев како планирата да ја менаџираат заканата на ДУИ дека нема да гласа за предлогот на Села, доколку лидерот на АЗА не му се извини на Ахмети за обвинувањето дека е инспиратор на обидот за ликвидација на Села на 7 април во Собранието. Села молчи, а од неговата партија порачуваат дека Ахмети е тој што треба да се извини.

Дека Села претерал изминтиов период со агреесивни изјави кои реално и штетеле на Владата, на состанокот во саботата му кажал и премиерот на лидерот на АЗА. Заев следниот период освен што ќе треба да ги менаџира односите меѓу Заев и Села, ќе треба да најде начин како да го внесе Мендух Тачи на Илинденска, а да не испровоцира излегување на Алијансата за Албанците.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.