Рекордна казна од ЕУ за „Гугл“од 2,42 милијарди евра

27.06.2017 | 12:28
Прочитано: 1656

Европската унија го казни Гугл со 2,42 милијарди евра поради искористување на доминантната положба на пазарот. 

Компанијата е казнета поради фаворизирање на својата веб-трговија во резултатите при пребарување.

Од Брисел порачуваат дека најпопуларниот интернет пребарувач сега има 90 дена да престане со таква антипазарна пракса. Во спротивно, ќе се соочи со нови казни. 

Одлуката е донесена по седум години долга истрага, а земени се предвид приговори од конкуренти на „Гугл“ - „Јелп“ и „ТрипАдвајзор“.

ЕК смета дека „Гугл“ ја искористил својата доминантна позиција на пазарот на пребарување на интернет за да ја промовира своја нова услуга. Со споредување на производи преку „Гугл“ пребарувачот корисниците се наведуваат на купување на услуги на „Гугл“, што се смета за нелојална конкуренција и кршење на антимонополски правила во ЕУ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.