Реториката на Тарчуловски е притисок врз гласачите

12.10.2017 | 18:01
Прочитано: 4800

Изборна реторика или јасна најава за дискриманиција? Изјавата на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода предизвика реакции од граѓанскиот сектор и дел од експертската јавност. Јохан Тарчуловски при неговото предизборно претставување пред граѓаните рече дека ќе се гради само во оние населени места каде има жители кои гласале за него.

Експертската јавност, ваквата реторика ја оценува како своевиден притисок врз гласачите и најава за дискриминација. Изборната кампања дозволува послободен говор, но тоа не смее да биде ветување за дискриминаторски однос.

„Реториката на прв поглед веднаш асоцира на дискриминација на граѓаните  кои треба да гласаат за него. Нема врска ни со демократија и патриотизам. најдобро би му било да го прочита упатството каде ќе се запознае што значи поимот градоначаник.“ - вели Ѓорѓи Тоновски – социолог.

Од Државната комисија за заштита од дискриминација се уште немаат став. Оттаму велат дека треба да се свика седница на која ќе се разгледа говорот на Тарчуловски за потоа да се огласат. Членот 7 од Законот за спречување и заштита од дискриминација е дециден:

Директна дискриминација е секое неповолно постапување, разликување, исклучување, ограничување или привилегија, кое како резултат има или би можело да има одземање, нарушување или oграничување на еднаквото признавање или уживање на човековите права и основни слободи, споредено со третманот кој го имало или би можело да го има друго лице во исти или слични услови“.

Граѓанскиот сектор исто така ја осуди реториката.

„Како општината и јавните ресурси да се негова приватна сопственост! Ваквиот став претставува директен, јавен притисок врз гласачкото тело и не смее да се толерира. Тарчуловски искажува очигледен, дискриминаторски став и говори за јасна определба и намера да се злоупотребуваат општинските ресурси за спроведување политичка одмазда против граѓанките и граѓаните кои не се негови истомисленици“.

Се вели во рекацијата на „Цивил“. Спорната изјава на на Трчуловски се случи вчера на еден од неговите собир со граѓаните.

Ставовите на најголемите политички ривала, како и секогаш, на спротивна страна. Партијата за која се трка Тарчуловски, ВМРО ДПМНЕ реагираше дека изјавата е извадена од контекст за да ја замае јавноста. Од владејачката СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Тарчуловски не само што не можат да излезат од политиките на поделби, протекции и непотизам, туку отворено кажуваат дека така и ќе продолжат. До изборите, државните институции ќе останатнеми на политичките говори, останува на граѓаните да проценат за кого ќе го дадат својот глас.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.