Ревизија на дел од објекти и споменици од проектот „Скопје 2014“

23.11.2017 | 13:52
Прочитано: 1056

Општина Центар во соработка со Специјалното јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи ги чешла документите за споменикот на Ќосето, објектите Мајка Тереза, Градска куќа заедно со хотелот кој е во изградба и мостот Око.

Градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ на брифинг со новинарите најави дека од почетокот на 2018 година под лупа ќе бидат сите објекти и споменици од проектот „Скопје 2014“ бидејќи многу голем дел од нив се изградени нелегално.

Ќе се урива и терасата на ВМРО-ДПМНЕ, а процедурата ќе почне од наредната недела во соработка со Град Скопје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.