Родителите на децата со посебни потреби најавуваат кампување пред ресорните министерства

20.08.2017 | 18:58
Прочитано: 1439

Родителите на децата со посебни потреби бараат поголема ажурност од институциите. Пет месеци кампуваат во паркот „Жена борец“, велат дека ќе се преселат пред Министерството за образование, за здравство, и за труд и социјална политика, ако надлежните не реагираат навреме.

Бараат персонални асистенти за децата со посебни потреби, прилагодување на спортските сали, како и стратегија што ќе се случува со децата со посебни потреби.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.