Родителите од градинката „Калинка“ во одбрана на воспитувачката

12.02.2018 | 14:59
Прочитано: 13664

Четириесетина родители кои своите деца ги праќаат во градинката „Калинка“ во Аеродром во која работи воспитувачката која минатата недела беше пријавена во полиција дека неколку пати удрила шест годишно дете, велат дека немаат никаква забелешка за работата на воспитувачката.

Во заедничка изјава, која велат дека ја испратиле до директорот, до Министерството за труд и до општината, наведуваат дека имаат целосна доверба во воспитувачката и очекуваат надлежните институции непристрасно да ја водат истрагата без да преземаат активности пред да биде докажана вина.

Како што претходно информиравме инспектори за детска заштита од Министерството извршија разговор со пријавената воспитувачка и родителите на детето како и со други вработени, но не утврдија одговорност. Сведоци на настанот нема, рекоа од Министерството и оставија МВР и обвинителството да го расветлат настанот. Тие посочуваат и дека детето што, наводно, било истепано родителите го носеле сѐ уште во истата градинка и кај истата воспитувачка.

До целосно завршување на истрагата, градоначалникот на Општина Аеродром истакна дека воспитувачката ќе оди на работа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.