Роналдо ја доби „Златната топка“

07.12.2017 | 21:54
Прочитано: 856

Кристијано Роналдо ја доби „Златната топка“ и со тоа се изедначи со Лионел Меси кога е во прашање оваа награда.

Португалецот на Ајфеловата кула го подигна петтото признание по што не го криеше големото задоволство.

-Се надевам ќе играм на ова ниво уште неколку години и се надевам борбата со Меси ќе продолжи. Работите се случуваат со причина. Добро се чувствувам и на крјаот на годината ќе видиме што ќе освоиме. Нејмар поседува огромен талент и многу потенцијал. Сигурен сум ќе има шанса да ја освои наградава во иднина,-рече ѕвездата на „кралевите“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.