Русија нема да учествува на годинешнава Песна на Евровизија

14.04.2017 | 10:06
Прочитано: 2655
Рускиот телевизиски Канал 1 соопшти дека нема да врши пренос на фестивалот за Песна на Евровизија, што идниот несец се одржува во Киев, затоа што украинските власти не и дозволија на руската натпреварувачка, пејачката Јулија Самоилова, да допатува во Украина.
 
Во соопштението на Европската федерација за радиодифузија (ЕБУ) што уследи веднаш потоа, се вели дека тоа значи оти Русија „дефинитивно нема да учествува“ на годинешното натпреварување на евровизиската песна.
 
ЕБУ ја осуди забраната што ја донесоа украинските власти, објаснувајќи дека таквото решение го „поткопува неполитичкиот карактер“ на ова музичко натпреварување, но Федерацијата вели дека евровизискиот фестивал, сепак, ќе се одржи во Киев, како што тоа беше и предвидено.
 
Спорот настана кога властите на Украина ја прогласија руската пејачка Самоилова за „непожелна личност“, затоа што настапила на еден концерт во Крим, во 2015 година.
 
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.