САД го крена на нозе светот со признавањето на Ерусалим за главен град на Израел

07.12.2017 | 17:43
Прочитано: 1102

Жестоки реакции на арапските земји по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае  Eрусалим за главен град на Израел. Илјадници Палестинци во pојасот Газа од синоќа палат американски знамиња и слики од Трамп. Исламистичка група Хамас повика на нова Интифада против Израел. За лидерот на организацијата, Исмаил Ханија, ваквата одлука, претставува објава на војна  и му порача на американскиот претседател дека Ерусалим е неделив и дека ќе продолжи да биде главен град на Палестина. За палестинскиот претседател, Махмуд Абас, Трамп со ваквата одлука ја поништи можноста Vашнгтон да биде медијатор во спорот меѓу Iзраел и Палестина.

„Оваа неприфатлива одлука ги поткопува сите мировни дoговори и значи дека САД ја напушта улогата на спонзор на мировниот процес кој се одвиваше во изминативе години. Американската администрација го прекршува меѓународниот консензус.“ - изјави Mахмуд Aбас – претседател на Палестина.

Дури и некои од сојузниците на Вашингтон во регионот, изразија загриженост за промена на американската политика. Од саудиското кралско семејство изразија противење на одлуката на Трамп, истакнувајќи притоа дека со ваквата одлука се провоцираат чувствата на муслиманите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пак вели дека и во иднина ќе продолжи соработката со Вашингтон се додека не биде постигнат траен мир во регионот.

„Ерусалим 3000 години е центар на нашата надеж, соништа, и молитви. Одлуката на претседателот Трамп е чекор напред кон постигнувањето мир. Ги повикувам сите земји да им се придружат на САД и да ги преместат своите амбасади во Ерусалим. Во Израел секогаш ќе има место и за Евреите, и за христијаните и за муслиманите“ - изјави Бенјамин Нетанјаху.

Советот за безбедност на Обединетите Нации побара оддржување на вонредна седница а генералниот секретар на Организацијата, Антонио Гутереш, вели дека статусот на Ерусалим треба да се реши исклучиво преку разговори меѓу Израел и Палестина. Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон најави дека Стејт Департментот веднаш ќе почне со подготовките за да ја реализира одлуката за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Во меѓувреме, Амбасадите на САД на Блискиот Исток и во Европа ги предупредија своите граѓани кои патуваат или живеат на тие простори на можност од насилни протести. Американскиот конгрес донесе решение да ја префрли амбасадата во главниот град на израел во 1995 година, но одлуката постојано одложувана поради страв дека ќе им наштети на односите меѓу Израел и Палестинците.


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.