САД се повлекуваат од Унеско

12.10.2017 | 16:39
Прочитано: 954

САД го известија официјално Унеско дека се повлекуваат од таа организација на ОН. Според западни медиуми, САД ќе го напуштат Унеско од 31 декември. Според дипломатски извори, со тој потег САД ќе ја отежнат уште повеќе ситуацијата на организацијата на ОН за култура и образование, на која и прават проблем регионалните ривалства и недостатокот на финансирање.

САД го откажаа својот значителен финансиски придонес во буџетот на Унеско во 2011 година, како протест поради одлуката за обезбедување полноправно членство на Палестинците. САД обезбедуваа 80 милиони долари годишно на Унеско, што е речиси една петтина од буџетот на организацијата.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.