Сајбер-херојот кој го спречи вирусот Wannacry, уапсен во САД

04.08.2017 | 12:40
Прочитано: 2151

Дваесет и тригодишниот Маркус Хачинс, познат по тоа што го спречи нападот со „Wannacry“ рансомвер вирусот, бил уапсен во САД во случај на сајбер-криминал и ќе биде изведен пред суд во Лас Вегас.

Тој е обвинет како еден од создавачите на банкарскиот вирус „кронос“, познат тројанец кој се користи за крадење на идентитет при пријавување на корисниците кај своите банки преку интернет.

Хачинс се стекна со светска популарност кога во мај го спречи сајбер-нападот кој опфати стотици илјади компјутери во преку 150 земји во светот, а го нападна и здравствениот систем на Велика Британија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.