Сан Антонио ја прекина низата порази

20.03.2017 | 11:08
Прочитано: 607

Во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА лигата, ноќта ја одбележа екипата на Сан Антонио која ја прекина низата порази.

Сан Антонио триумфираше на домашен терен против Сакраменто со 118-102, со што стави крај на серијата од два порази по ред. Прв стрелец во тимот беше Пау Гасол со 22 поени, следуваа Олдриџ со 18 и Кави Леонард со 12.

Триумф и за Портланд над Мајами со 104-115. Трета последовна победа на Портланд на последните четири одиграни натпревари. Лилард најефикасен со 49, следен од Босанецот нуркиќ.

Кливленд во Лос Анџелес ги совлада Лејкерси со 120-125. Шампионот стави крај на периодот на нестабилни игри во последниот месец. Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг постигнаа 34, односно 46 поени.

НБА лига, резултати

Њу Орлеанс – Минесота 123-109, 

Детроит – Феникс 112-95, 

Филаделфија – Бостон 105-99, 

Торонто – Индијана 116-91, 

Мајами – Портланд 104-115, 

Сан антонио – Сакраменто 118-102, 

ЛА Лејкерс – Кливленд 120-125. 


Ивана Митровска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.