СДСМ ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање

18.05.2017 | 15:05
Прочитано: 12128

СДСМ денеска до Парламентот ќе ги достават предлог измените на законите за основно и за средно образование со кое ќе се укине екстерното тестирање. Очекуваат законските измени да се донесат по скратена постапка и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.

„Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканарен проект екстерното тестирање што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците. Сакаме да ги заштитите учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ којашто поминуваат години наназад“, изјави пратеникот Стефан Богоев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.