Се екипира новиот владин кабинет

18.05.2017 | 21:04
Прочитано: 43327
Ресорскиот колач од утре почнува да се сече. Зоран Заев и Али Ахмети утре на маса за поделбата на ресорите и отворање на можните министри за новите функции. 
 
Очекувањата се дека по состанокот ќе стане појасно дали Ахмети ќе добие 8 министри или, пак, ќе треба да се задоволи со две или три места помалку, во зависнот дали БЕСА ќе влезе во новата Влада. Од СДСМ и ДУИ не сакаат да откријат детали. Официјално од двете партии велат дека разговорите не се почнати за да нешто може да се прецизира. Сепак, партиски извори за ТВ 24 брифираат дека контурите на новиот кабинет се веќе нацртани. 
 
Заев не планира да се откаже од МВР, земјоделство, труд и социјална политика, МНР, одбрана, правда, транспорт и врски. Се споменуваат имињата на Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Рената Дескоска, Мила Царовска, Љупчо Николовски, високо котира и Никола Димитров.
 
Ахмети  уште во првата посета од Заев во Мала Речица добил предлог за поделба на ресорите. Од ДУИ велат на нивно конто одат здравство, образование, економија, екологија, локална самоуправа, двајца вицепремиери, со тоа што во здравство се споменува дека ќе седне човек од Алијансата за Албанците и тоа Арбен Таравари.
 
Општинските организации веќе почнале да даваат предлози за министри. Од базата на масата на Ахмети се очекува да се свртат имињата на Артан Груби, Аднан Јашари, Бујар Османи, во игра се враќа и Хазби Лика, како и потпретседателската двојка Изет Меџити и Теута Арифи. Ахмети би сакал на негово конто да се прокнижи УБК или БЈБ.
 
БЕСА и Алиајнсата ќе дојдат на ред откако Заев ќе се договори со Ахмети. Не се исклучува тие средби да бидат викендов, а од денес се очекува работни групи да ја пеглаат програмата со овие партии. Од СДМС велат, програмата што ја промовираше Заев треба да добие поддршка и од нив. 
 
На вчерашниот состанок со Билал Касами, мандатарот според информациите разговарал за начелните принципи доколку БЕСА седне во владата. Касами побарал фер третман и консензуални одлуки на Илинденска, односно да не биде надгласуван од СДСМ и ДУИ. Дали Беса ќе стане дел од Илинденска, велат дека ќе се знае по завршување на разговорите со мандатарот. Од Алијансата, пак, иако формално сè уште немаат одлука дали ќе бидат во новата Влада, тие се вбројуваат во новиот кабинет на Илинденска. 
 
Очекувањата на новото мнозинство се дека до крајот на следната недела ќе биде изгласан во Собранието новиот владин состав, паралелно со седницата за избор на влада, се очекува и седница за измените на изборниот законик со оглед дека мандатот на градоначалниците истече и треба да им се продолжи. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.