Се намалува бројот на ученици – се зголемуваат трошоците на училиштата

12.02.2018 | 19:07
Прочитано: 921

„Помалку ученици,  поголеми трошоци“, ова го покажува студијата, на институтот за за стратешки  истражувања и едукација.

Во истражувањето опфатени се 103 јавни средни училишта од осум плански региони, а податоците се добиени од завршните сметки на училиштата.

Анализирани се трошоците по различни основи во училиштата, односно, колку пари се трошат за плата, за греење, за комунални услуги, колку пари се трошат за јавни набавки. Истражувањето покажува и загрижувачки тренд на опаѓање на бројот на ученици запишани во средно образование.

Па така, во учебната 2013/14 година споредено со учебната 2016/17 бројот на ученици е намален за 17,52%. Во истиот период бројот на наставници е намален за 1,5% додека пак бројот на ненаставен кадар е зголемен за 2,9%. Огромен раст има и кај трошоците за јавни набавки. Ако се споредат 2014 и 2016 година, зголемувањето е за 58%.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.