Се одложи повтореното судење за „Монструм“ за 14 март

12.02.2018 | 12:51
Прочитано: 675

Се одложи повтореното судење за случајот „Монструм“ за на 14 март. Судењето е одложено бидејќи не е прибавен предметот со кој се обвинува Сами Љута, еден од четворица кои со првичната пресуда беше осуден на доживотен затвор.

Четворицата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири се бранат од слобода откако Врховниот суд го врати случајот на почеток.

Обвинител во овој случај е Наум Пановски од обвинителството за организиран криминал, а судија е Огнен Ставрев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.