Се проблематизира изградбата на Клинички центар. Изгрaдбата стопирана

03.07.2017 | 17:54
Прочитано: 4246
Наместо нов клинички центар, како што најавуваше претходната Влада, требало да никне само една зграда во којашто ќе биле сместени интернистичките гранки, додека во стари објекти ќе останеле хирургија, онкологија, гинекологија, кардиологија и кардиохирургија, инфективна и педијатрија, тврди министерот за здравство Арбен Таравари.
 
Според него тоа е парцијално решение, а центар од ваков тип треба да се гради надвор од централното градско подрачје.  
„Практично се гради само една зграда којшто е зграда на интерни клиники и тоа не е долгорочно решение за Скопје. Тоа ќе биде решение на кое 90 милиони евра, тоа е кредит кој треба сите да го плаќаме и повторно не импровизираме.“ - изјави Арбен Таравари – Министер за здравство.
 
До сега за овој проект претходната Влада потрошила над 5милиони евра. 
Таравари тврди дека финансиски пенали поради стопирањето на градбата нема да има.
 
„Пенали не плаќаме, да најдеме заедно сите плотички фактори што е најдобро решение најмалку да изгубиме кое ќе биде најдобро и навистина ќе биде навистина Клинички центар“ - вели Таравари.
 
За ВМРО-ДПМНЕ пак, најавата на Таравари за прекин на изградбата на новиот клинички центар е огромен скандал кој што ќе предизвика огромна финансиска штета на проект за кој веќе се обезбедени парите, и за кој е потпишан договор за градба.
 
Изградбата на новиот Клинички центар требаше да започне во јуни, а за оваа инвестиција државата се задолжи со 72 милиони евра од Банка на Советот на Европа.  
 
Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.