Секс-играчка собира податоци за своите корисници

02.02.2018 | 11:29
Прочитано: 1087

Хонконшката компанија „Ловенс“, која произведува дигитални секс-играчки, е обвинета дека преку интернет конекцијата прибира податоци за сексуалните навики на своите клиенти.

Компанијата ги снима „најинтимните и најчувствителните податоци на своите корисници“, што го користат вибраторот Луш, кој се управува преку блутут со помош на Ајфон, се вели во обвинениието.

Тужбата ја поднела жена која претпочита да остане анонимна. Таа, тврди дека открила како преку апликација може да дознае што претходно се случувало со „играчката“.

Компанијата пак, тврди дека податоците што се собираат на серверите, се бришат за неколку дена.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.