Шести пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

13.11.2017 | 09:54
Прочитано: 287

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат на една гостинска победа сезонава во АБА-лигата, откако синоќа загубија на гостувањето кај Петрол Олимпија со 94:85.

Домаќинот постојано беше во водство, но избраниците на тренерот Александар Тодоров во неколку наврати со брза и прецизна игра правеа резултатски пресврт што им донесе надеж дека може да дојдат до посакуваните бодови во Љубљана.

Сепак на крајот  не успеаја целосно да го свртат резултатот во своја корист. Следен противник на МЗТ Скопје Аеродром е силниот црногорски тим Будуќност, кој ќе гостува во „Јане Сандански“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.