Шестти пораз за Металург во СЕХА

06.12.2017 | 21:51
Прочитано: 447

Ракометарите на Металург на гостински терен загубија од Целје (34:25), во првиот од предвидените 4 СЕХА натпревари за месец декември.

Македонскиот вицепрвак многу лошо ја отвори средбата. По шест минути игра не постигна погодок, па Целје поведе со 4-0. Потоа, Металург до 15-тата успеа да ја стопи негативата на минус еден, но со нов пад во играта, дозволи домаќинот да поведе со 14-9 во 26.тата.

Сепак, тимот од Автокоманда се избори за пристојна негатива на паузата 15-12, а вториот дел пак, го отвори совршено. Со серија 4-1 за прв пат изедначи на 16-16. Но, тука и застана бидејќи Целје со нова 7-1 серија поведе со 23-17 во 43-тата. Од тогаш, па крајот без проблеми ја одржуваа предноста за петти сезонски триумф со убедливи 34:25.

За металург ова беше шестти пораз и покрај одличниот Томовски на голот со 8 интервенции. Во нападот се истакнаа Јагањац со 8 гола, а еден помалку запиша Пешевски.

Во наредното коло 10.коло, претстојнава сабота во скопското дерби ќе играат Вардар и Металург.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.