Шкендија го победи Вардар на стартот од новата сезона во ПМФЛ

12.08.2017 | 19:24
Прочитано: 4080

Со два натпревари одиграни попладнево стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На самиот старт се одигра и дербито, во кое вицепрвакот Шкеднија со 2-0 го победи шампионот Вардар, во натпреварот кој се играше во Тетово.

Тетовската екипа беше поконкретна во текот на целиот меч, па само благодарение на голманот Гачевски резултатот по првиот дел беше 0-0. Затоа во второто полувреме, домаќините ја крунисаа доминацијата и тоа со два гола. Арменд Алими во 60.минута го постигна првиот гол, а само пет минути подоцна (65) Стенио Жуниор зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат на оваа средба.

За двете екипи сега претстојат дуелите во плејофот за Лига Европа. Веќе на 17 август во Скопје, Вардар го пречекува Фенербахче, додека Шкендија истиот ден ќе му гостува на италијанскиот Милан.

Инаку, во вториот меч кој се играше денеска во ПМФЛ, дуелот Работнички - Ренова заврши без голови 0-0

Другите четири натпревари од ова воведното коло, ќе се играат, а двојките: Победа – Пелистер, Шкупи - Академија Пандев и Силекс – Скопје.

Сите средби ќе започнат во терминот од 17 часот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.