Шпанија ја укинува автономијата на Каталонија, најавени масовни протести

21.10.2017 | 19:12
Прочитано: 2213

Суспензија на работата на каталонската влада, отстранување на регионалните лидери од нивната позиција и ограничување на овластувањата на парламентот во Каталонија, ова е одлуката која ја донесе премиерорт на Шпанија Мариано Рахој по вонредниот состанок со министрите од својата влада. Сепак како што истакна рахој, нема да се укине автономијата на Каталонија.

„Автониомијата не е суспендирана. Oтстранети од позиција се лицата кои притискаа владата да делува надвор од законот и уставот. Одлуката е одговор на постапите на каталонската Влада, кои беа еднострани, спротивни на законот и со кои се бараше конфронтација.

Рахој побара распуштање на целата регионална власт во Каталонија и во најкус можен рок одржување на нови избори, а како што најави премиерот на Шпанија, актуеклниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон нема да биде кандидат на новите избори и нема да може да предлага кандидати. Ваквата одлука на Шпанската влада сега треба да биде одобрена и од страна на сенатот каде што партијата на актуелниот премиер има мнозинство. Споре Рахој, Мадрид не сакал да го активира членот 155 од Уставот, кој предвидува одземање на автомонијата на регионалните власти, но дека последните чекори кои ги презеле лидерите на Каталонија го принудиле на таков чекор.

„Каталонската Влада никогаш не понуди вистински дијалог. Тие единствено сакаа да го наметнат својот сецесионистички процес, со кој се нарушува Уставот на Шпанија. Ниту една демократска држава не може да прифати законот да биде кршен, игнориран и менуван.“ - изјави тој.

Шпанските медиуми тврдат дека јавниот обвинител на државата е подготвен да поднесе обвинение против лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, доколку тој се обиде еднострано да прогласи независност. Пуџдемон може да биде обвинет за бунт a Според шпанскиот закон, тој за вакво дело може да добие до 30 години затворска казна.

Приврзениците на движењето за независност на Каталонија за вечер најавија нови масовни протести низ целиот регион. Околу 80 организации најавија собири на кои ќе бараат ослободување од притвор на двајцата членови на организацијата која бара независност на Каталонија. Свое обраќање пред жителите на Барселона за вечерва најави и првиот човек на Каталонија Карлес Пуџдемон.

Кризата во односите меѓу Мадрид и Барселона избувна по референдумот за независност на Каталонија, што се одржа на 1 октомври, кој уставниот суд на Шпанија претходно го забрани. Неколку дена подоцна, лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон потпиша декларација за независност но веднаш ја суспендира и побара започнување на преговори со официјален Мадрид.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.